, Spain vs Croatia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Реванш со камата: „Хрватската фурија“ ги разнесе Шпанците!

Со натпреварите Унгарија-Црна Гора и Шпанија-Хрватска беше комплетиран и третиот ден на Европското првенство 2024.

Во дербито на вечерта Хрватска и одржа ракометна лекција на Шпанија совладувајќи ја со 39:29 (18-14). Ова беше слатка победа за Хрватите по горчливиот пораз во финалето 2020 година, токму од Шпанија.

Хрватска-Шпанија 39:29 (18-14)

Хрватска фуриозно го стартуваше мечот, агресивноста во одбраната и разноврсноста во нападот резултираа со убедливи 5:1 по само седум минути игра. Тоа беше знак за шпанскиот селектор Рибера многу рано да го повика првиот тајм аут на натпреварот. Но тоа не ги поколеба Хрватите кои продолжија да го мелат противникот. Расположените Лучин и Шоштариќ го полнеа шпанскиот гол па веќе во 17.минута  Хрватите имаа постигнато двојно повеќе голови од противникот 12:6.Шпанците се обидуваа да сменат нешто во својата игра, Алекс Душебаев го замени стартерот Македа на овој натпревар но не успеа премногу да ги смени работите на теренот. Мали знаци на живост во играта на “црвената фурија“ внесе десниот ден Гарсиандиа кој со три погодоци по ред успеа да ја преполови највисоката предност на Хрватска, намалувајќи на 15:12. До крајот на полувремето “коцкестите” успеаа да ја задржат предноста и со голот на Лучин да заминат на одмор со предност од 18:14.

Zvonimir SRNA, Daniel DUJSHEBAEV DOVICHEBAEVA and Veron NACINOVIC, Spain vs Croatia, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Веќе на стартот на второто полувреме Шпанија почна да се распаѓа. Новата експлозија на Хрватска резултираше со серија од 4-0, за водство од 22:14. Ерупција од воодушевување кај Хрватските навивачи кои исполнија голем дел од арената во Манхајм. Шпанија спора, бледа, мораше да го гледа и блесокот на Мандиќ на голот кој го замени Ивиќ во вториот дел. Хрватите продолжија да играат по ноти, полнејќи го шпанскиот гол стигнувајќи и до двоцифрена предност 33:23. На крајот голема победа за Хрватска од 39-29  на стартот на ЕП/

Шоштариќ и Мартиновиќ се поигруваа со шпанската одбрана постигнувајќи по 8 голови. Кај Шпанија најмногу се истакна Гомез Абељо со 8 погодоци.

Унгарија-Црна Гора  26-24 (14-14)

Израмнето прво полувреме одиграа Црна Гора и Унгарија. Унгарците имаа минимална предност не поголема од два голови, но Црна Гора секогаш беше на чекор до противникот. Мате Лекаи диригираше со играта на Унгарската репрезентација, а Црна Гора ја враќаа во игра расположените Вујовиќ и Борозан кои постигнаа вкупно девет од четиринаесет голови во првото полувреме. Унгарија влезе со позитива од два гола во последната минута,но црногорците со погодоците на Чавор и Драгачевиќ се изборија за реми по триесет минути игра 14:14.

Nebojsa SIMIC, Hungary vs Montenegro, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

Во исто темпо продолжи и второто полувреме на овој натпревар. Унгарија стигна до позитива од +3 (16-13), но црногорците со головите на Вујовиќ и Драгачевиќ експресно се вратија на 19:19. Кружниот напаѓач Бенце Банхиди и Мате Лекаи и задаваат главоболка на црногорската одбрана, а на спротивната страна тоа го правеа Борозан и Драгашевиќ. Во последните пет минути Унгарија влезе со предност од 25-24, период во кој двете репрезентации грешеа. Вујовиќ имаше шанса да донесе израмнување, но унгарскиот голман Балашик го спречи во намерата. Унгарија казни во контра и славеше со 26:24 во првиот натпревар на континенталниот собир.

Најпрецизни кај Унгарија беа Банхиди со шест и Лекаи со пет гола. Во Црногорскиот табор најефикасни беа младиот Драгашевиќ и Борозан со шест гола.