Македонската експедиција веднаш по натпреварот со чартер лет од Берлин за Скопје ќе се врати во нашата земја.
Оваа информација и чартер летот за Скопје беше потврдена уште вчера, кога Македонија се уште имаше шанси за место во главната рунда.
Македонската експедиција би требало да слета во Скопје во 01:00 часот по полноќ, па ракометарите по краткиот одмор, од следната недела ќе се стават на располагање на своите клубови.
Македонија загуби убедливо со 39-29 од Франција во првата рунда, додека во второто коло загуби и од Германија со 34-25.
За ракометарите останува да го одиграат уште натпреварот против Швајцарија, на кој победа може да ни донесе трето место во група, а со тоа и прв шешир пред ждрепката за баражот за СП 2025 година.