Машката сениорска репрезентација денеска ги завршува подготовките во Стара Пазова и се враќа во Скопје.
По пријателскиот натпревар против Црна Гора, кој го добија избраниците на Кире Лазаров со 54-51 по 90 минути игра, следуваат два дена одмор.
Веќе на 2 јануари, ракометарите се враќаат на своите обврски пред Европското првенство и ќе се подготвуваат за двете средби против јужниот сосед.
Првиот натпревар со Грција ќе се игра на 4 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:00 часот, додека следниот ден е втората средба зад затворени врати.
Македонија е во тешка група на Европското првенство и ќе игра против домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.