Радовиш преговара со поранешен младински репрезентативец

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Бобан Каковски, се врати во Македонија. Меѓу другите понуди, се наоѓа и онаа од Радовиш, кој го посакува во неговите редови.

Битолчанецот, по настапите во Франција, Фарски Острови и Германија, одново би можел да заигра во македонската Супер лига.

Средниот бек своевремено беше дел од Радовиш, а доколку се договори со овој тим, тоа за него би било камбек во позната средина.

Каковски во минатите три сезони играше за францускиот Сант, КИФ од Фарски Острови и Цвикау од Германија.

На домашната сцена беше дел од Еурофарм Работник, а ги носеше дресовите и на Металург и Голден Арт.

Претходно радовишани се договорија и со десното крило Мартин Димов.