Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер очекувано беше поразен на гостувањето во Германија кај гигантот Кил со 29:23 во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите.
За разлика од лошото прво полувреме, во кое Кил едноставно доминираше на теренот, во вториот дел Еурофарм Пелистер се покажа во подобро светло и успеа да се избори за пристоен пораз.
Десното крило на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ, имаше краток коментар по поразот од „зебрите“.
,,Го започнавме натпреварот многу лошо и од почеток не бевме консолидирани и Кил ги искористи сите свои шанси. Знам дека требаше да го дадеме нашиот максимум од почеток до крај, знам дека бевме далеку подобри во второто полувреме, но треба сите натпревари да ги стартуваме како во вториот дел“, изјави Радивојевиќ.
Следен ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите ќе биде данскиот вицепрвак Алборг.
Ангеловски: Не сум задоволен од играта во првиот дел, имавме премногу грешки