Промовирана химната на женскиот Мундијал – „Кон број еден“ (ВИДЕО)

Шведскиот ди-џеј и продуцент Валштет е автор на химната на претстојниот женски Мундијал што ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. „Кон број еден“ е насловот на химната која ќе се слуша од 29 ноември до 17 декември во спортските сали низ Скандинавија, кога 32 репрезентации ќе влезат во борба за главната рунда, а потоа и за финалниот викенд. Преслушајте...