Со комплетирањето на натпреварите од третото коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, познати се двојките за финалниот ден.
Уште од претходно беше познато дека за трофејот ќе се борат Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 утре од 19:00 часот.
По денешната драматична победа на Тиквеш над Бутел Скопје со 26-25, кавадарчани го обезбедија второто место во групата и ќе играат за третото место.
Нивен противник во таа средба ќе биде составот на Пролет, кој славеше против Црвена Звезда со 28-25.
Програмата на последниот ден стартува со мечот за петтото место меѓу Бутел Скопје и српскиот тим од 15:00 часот, а потоа од 17:00 ќе играат Пролет и Тиквеш.

























