Денеска е последниот ден од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ на кој ќе се одиграат завршните натпревари.
На крајот на програмата од 19:00 часот ќе се одигра финалниот меч меѓу домашниот тим на Прилеп и новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.
Претходно од 17:00 часот во битката за третото место ќе играат Пролет и Тиквеш, додека во првиот меч ќе се сретнат Црвена Звезда и Бутел Скопје во мечот за петто место.
Распоред на натпревари „Миле Нешкоски“:
15:00 Црвена Звезда – Бутел Скопје
17:00 Пролет – Тиквеш
19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп