ПРИЛЕП 2025: Домаќините го најавија турнирот – се е подготвено за јубилејното издание на „Миле Нешкоски“

Од 21 до 24 август во Прилеп ќе се одржи десеттото јубилејно издание на меѓународниот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“, во чест на прилепската ракометна легенда.

Организаторите денеска на прес-конференција ги претставија деталите за натпреварувањето, кое и оваа година ќе донесе богата програма и силна конкуренција.

Покрај домаќинот Прилеп, на турнирот ќе настапат уште пет екипи од Македонија и странство, меѓу кои и српската Црвена Звезда.

Од македонските екипи ќе настапат и Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Пролет и Тиквеш.

Група 1: Прилеп, Бутел Скопје, Тиквеш
Група 2: Црвена Звезда, Пролет, Еурофарм Пелистер 2

Распоред на натпревари

21 август (четврток)
15:30 – Полагање цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 – Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Бутел Скопје

22 август (петок)
18:00 – Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Тиквеш

23 август (сабота)
18:00 – Црвена Звезда – Пролет
20:00 – Тиквеш – Бутел Скопје

24 август (недела)
15:00 – натпревар за 5. место
17:00 – натпревар за 3. место
19:00 – финале
20:30 – доделување награди и свечено затворање

Новина оваа година е тоа што, во соработка со Министерството за спорт, организаторите обезбедија професионална подлога за одигрување на сите натпревари, што значително ќе ги подобри условите за игра.