Од времето кога Звонко Шундовски беше селектор на машкиот национален тим остана изреката „клавајте голои“.
Битолчанецот, кој го донесе најголемиот репрезентативен успех за машкиот ракомет, објасни дека таа изрека е извадена од контекст.
„’Треба да се шутни, да се клаи гол’ – тоа е кажано на тајм-аут на олимписките квалификации во Шведска, кога игравме со Унгарија, која имаше поддршка од тогашниот прв човек на Судиска организација на ЕХФ И ИХФ, Унгарец. Ние работиме сè, стигнуваме до позиција, а не можеме да дадеме гол. Затоа го кажав тоа на тајм-аут, автентично, битолски, но потоа некои колеги – новинари знаеја да ми го извадат од контекст, повеќе во шала. Секако на тие новинари, а и на дел од јавноста поинтерсно им звучеше кога се зборува на странски јазик, иако тренерските фрази се исти, дали се кажани на битолски, хрватски, англиски…“
Подолу прочитајте ја целосната ракометна приказна на Шундовски…
ИНТЕРВЈУ ЗВОНКО ШУНДОВСКИ: Жалам што моите успеси со репрезентацијата сѐ уште се недостижни!