Преспа парираше 50 минути – Текстилец на крајот ги освои бодовите!

Тимот на Текстилец победнички го отвори пролетниот дел од сезоната во Првата лига, откако славеше со 37-30 против Преспа.

Иако гостите од Ресен парираа педесетина минути кога беше 27-26, но во финишот штипјани доминираа – најпрво со серија од четири гола практично ја обезбедија победата 31-26, а потоа само рутински го довршија мечот.

Јован Атанасовски беше најдобар стрелец со осум гола за Текстилец, додека по седум постигнаа Јован Величков и Филип Џинес. Во составот на Преспа се истакна Христијан Ристевски со осум погодоци.

Во следното коло, Текстилец е слободен, додека Преспа ќе го пречека Драчево Јуниор.