ПРЕГЛЕД по 7. коло: Кој е на чекор до плеј-оф, а кој е блиску да игра за опстанок?

По седумте одиграни кола во машката Супер лига, почнува да се разјаснува кои екипи се речиси пласирани во плеј-офот и ќе разигруваат за титулата, а кои ќе се надеваат дека во следните седум кола ќе ја бркаат шансата да бидат дел од елитната осумка што ќе игра за титулата.

Само два тима имаат максимални седум победи, во двете групи. Тоа се Алкалоид во Група А и Вардар во Група Б. И само еден тим, Вардар Неготино се уште нема освоено ниту еден бод. Но, има уште доста да се игра, па сите карти се отворени, особено за некои од местата што водат во плеј-офот.

Сезонава останува истиот формат на играње, две групи по 8 екипи. По одигрување на 14 кола, првите четири екипи од секоја група ќе формираат нова плеј-оф група и ќе играат уште 14 кола, а другите ќе разигруваат за опстанок. Првиот тим од групата ќе пренесе 3 бода во плеј-оф или плеј-аут, второпласираниот 2 бода, третиот 1 бод и четвртопласираниот ќе стартува без бодови.

Во Група А, екипите на Алкалоид и Тиквеш, кои моментално се наоѓаат на првото, односно второто место во групата А, практично веќе имаат обезбедено билет за плеј-оф фазата. Вицепрвакот игра одлично, има седум од седум, додека тимот од Кавадарци оствари шест победи и беше поразен токму во дерби дуелот од составот на Кире Лазаров.

Амбициозниот тим на Охрид е на чекор до плеј-оф, бидејќи во досегашниот тек од сезоната оствари пет победи и ако ги добие дуелите во кои е голем фаворит само ќе го зголеми бодовното салдо. Охрид сезонава има поголеми амбиции, па пласманот во плејофот би бил само дел од зацртаното.

По повеќе години екипата на Струга има добри шанси да влезе во кругот на тимови што би се бореле за титулата. Со победата над Аеродром, тимот од градот кој е расадник на ракометни таленти направи голем исчекор на табелата, има 12 бода на свое конто и се наоѓа со една нога во плеј-офот. Се уште ништо не е сигурно, но првите седум кола им донесоа дополнителен мотив.

Сепак, од трка за едно од местата кои водат во плеј-оф фазата не треба да се отпишат дебитантот Аеродром кој има девет бода, како и Еурофарм Пелистер 2, кој со шест бода останува во игра за плеј-оф билет. Од групата А сосема извесно е дека екипите на Скопје и Куманово ќе играат во плеј-аутот и ќе се борат да го задржат суперлигашкиот статус за следната сезона.

Група А, 8 коло, распоред:
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш
Охрид  – Струга
Алкалоид – Скопје
Аеродром – Куманово

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122

За разлика од група А, во Б групата има голема неизвесност особено во борбата за трето и четврто место на табелата. Од оваа група, сигурни патници во разигрувањето за титулата се Вардар и Еурофарм Пелистер, додека многу блиску до плеј-оф пласман се наоѓаат Пролет и Бутел Скопје.

Двете скопски екипи имаат по 12 бода, а потоа следуваат Прилеп и Голден Арт со по седум бода. Прилепчани, исто како и Голден Арт, се уште имаат шанси за влез меѓу најдобрите четири екипи во групата Б, но за остварување на зацртаната цел ќе треба да го дадат максимумот, односно да победат на клучните дуели, како и да изненадат некој од фаворитите. Голден Арт по добриот старт имаше серија порази, а со ремито во Прилеп, и двете екипи направија чекор назад бидејќи можеа да триумфираат и да освојат уште два бода со кои би биле поблиску до остварување на целта.

Дебитантот Мулти Есенс како и Вардар Неготино, кој нема освоено ниту бод, веројатно ќе играат во плеј-аут групата.

Група Б, 8 коло, распоред:
Еурофарм Пелистер – Вардар
Бутел СКопје – Прилеп
Вардар Неготино – Пролет
Голден Арт – Мулти Есенс

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126

До декември УО на РФМ треба да реши каков ќе биде системот на натпреварување в година, откако на Собранието во септември се изгласа промената, но не беше прифатено да има лига од 8 екипи, туку се побара да има повеќе. Веројатно лигата в година ќе брои 10 или најмногу 12 екипи.