Познато кој против кого на стартот во прволигашкиот плеј-оф

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше извршена ждрепката за редните броеви во плеј-оф и плеј-аут фазата во прволигашката конкуренција.

Во плеј-оф фазата ќе се натпреваруваат осум екипи, додека во плеј-аутот една екипа помалку, односно седум.

Вкупно ќе се одиграат 14 кола во плеј-оф фазата, по што ќе биде познато кој ќе биде новиот прволигашки шампион.

Амбициозниот тим на Радовиш во првото коло ќе гостува во Автокоманда кај Металург РА, главниот кандидат за првото место, Бисинов од Велес, за прв ривал во плеј-офот го има Шампион, Македонија ЃП на свој терен ќе ја пречека Јехона, додека Младост Богданци ќе гостува кај Драчево.

Почетокот на пролетниот дел од прволигашката конкуренција би започнал на 24/25 февруари или 2/3 март. До крајот на оваа недела би требало да се знае точниот датум за стартот на вториот дел од натпреварувачката сезона 2023/24.

Ланската сезона титулата во Првата лига ја освои Мулти Есенс, кој заедно со второпласираниот Аеродром обезбедија влез во елитата, а тимот на Драчево го освои третото место и играше бараж меч со Вардар Неготино.

Прва лига, плеј-оф, 1 коло:

Металург РА – Радовиш

Младост – Драчево

Јехона – Македонија ЃП

Шампион – Бисинов

Прва лига, плеј-аут, 1 коло:

Овче Поле – слободен

Кичево – Текстилец

Преспа Вардар – Партизан

Борец – Астраион