Познато е кога Вардар ќе гостува во Автокоманда!

Регуларниот дел од сезоната ќе заврши на 24 февруари со средбата меѓу Пролет и Охрид, а претходно в сабота на 21 февруари ќе биде одигран двобојот од последното коло.

„Сино-белите“ од Автокоманда ќе го пречекаат лидерот на табелата, Вардар, во дуелот што може уште повеќе да го доближи „црвено-црниот“ тим до титула, или да ги зголеми шансите на момците на Лазаров за место во водечката тројка.

Натпреварот меѓу „сино-белите“ и Вардар е закажан за сабота од 19:00 часот во салата во Автокоманда.

Вардар е прв на табелата со 40 бодови, втор е шампионот Еурофарм Пелистер со 36 додека тимот на Лазаров е трет со 35, пред Охрид кој има меч помалку и 33 бода.

Вардарци утре ќе гостуваат кај Бенфика во Лисабон, додека следниот вторник го пречекуваат Мелсунген, а меѓу двете европски пресметки ќе бидат гости и во Автокоманда.