Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Тимот на Металург Автокоманда ќе има двомеч со Диферданж од Луксембург што ќе се игра во Скопје, а судиите доаѓаат од Босна и Херцеговина.
Станува збор за Огњен Даниловиќ и Себастијан Каран, додека делегатот е од Кипар – Сотирис Константину.
Натпреварите меѓу Металург Автокоманда и Диферданж се играат в сабота и недела во Автокоманда со почеток од 15:00 часот.