Познати судиите за дербито во Автокоманда – еве кој ќе суди и кога се игра

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени судиските двојки за натпреварите од 1 коло во суперлигашкиот плеј-оф и плеј-аут.

Ждрепката беше полудиригирана, а два пара беа во комбинација за дербито меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и Вардар, но и за мечот за опстанок меѓу Куманово и Струга.

Двобојот во Автокоманда ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека на мечот во Куманово, арбитражата ќе ја имаат Даниело Божиновски и Виктор Начевски.

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја судат пресметката од плеј-аутот меѓу Радовиш и Прилеп.

Супер лига, плеј-оф, 1 коло:

28/02, 18:30, Алкалоид – Вардар (Митревски/Тодоровски)
28/02, 17:00, Бутел Скопје – Охрид (Илиевски/Илиевски)
27/02, Тиквеш – Еурофарм Пелистер (Андонов/Вукашиновски)

Супер лига, плеј-аут, 1 коло:

Куманово – Струга (Божиновски/Начевски)
Радовиш – Прилеп (Николов/Начевски)
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет (Металари/Николовски)