Денеска во центарот на вниманието ќе биде најголемото дерби на македонскиот ракомет – шампионот Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Вардар. Двете екипи играа дури три пати во претсезоната, и три пати победи шампионот, а последниот пат на Супер Куп натпреварот во Кавадарци со голем пресврт.
Стратегот на домашните, Иван Чупиќ, не смета на повредените Стаменковиќ, Еспиња, Лазаревски и Кеита, а во составот ги нема Пинто, Марчињак, Kaвада и Танкоски.
Рубен Гарабаја не смета на голманот Хеидарирад, во составот се враќа Абутовиќ, додека одамна во аут се Кузманоски, Ристевски, но и Видомски.
Фаворит нема кога играат овие две екипи, кои покажаа и минатата сезона дека домашниот терен може, но и не мора да игра важна улога на дерби натпреварите.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Вардар: Богдановски, Стојановски, Боно, Георгиевски, Митровиќ, Тузолана, Горига, Валах, Анастасовски, Талески, Малус, Ќосевски, Јанковски, Борозан, Гогов
Еурофарм Пелистер: Митревски, Манасков, Цехте, Хекбарт, Тајник, Валид, Хенигман, Радивојевиќ, Кузмановски, Абутовиќ, Калајџиески, Брестовац, Атанасијевиќ Петар, Пешевски, Хосни, Атанасијевиќ Павле