Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.
Ривал на избраничките на Симе Симовски ќе биде селекцијата на Швајцарија. Доколку слават младинките ќе разигруваат против победникот од Словенија – Португалија за пласман од 17 до 20 место.
Во спротивно, ќе играат против поразениот од тој натпревар за пласман од 21 до 24 на континенталниот собир.
Составот ќе биде ист во споредба со претходниот меч против Исланд – без повредената Стефани Ристиќ и без Ива Петрова.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра со почеток во 17:00 часот во салата „Верде“. Судии ќе бидат Романките Георгијана Мурариу и Михаела Парашчив, додека делегати се Росица Димкова од Бугарија и Ешрег Беќири од Косово.