ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Со истите 16 од Унгарија и против Полска

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ја очекува вториот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.

Ривал на избраничките на Симе Симовски ќе биде селекцијата на Полска, која исто како и Македонија стартуваше со пораз.

Селекторот не направи промени во составот па надвор од комбинација ќе останат Сандра Трпеска и Ива Петрова.

Евентуална победа над Полска, ја остава Македонија во трка по главна рунда, додека пораз ќе значи разигрување за пласман.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра во 14:30 часот во „Бемакс Арена“, а судијки ќе бидат Рената и Бруна Кореа.