Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Симе Симовски не можеа да имаат потежок ривал за старт – европскиот првак Унгарија.
Селекторот се реши за овој натпревар да ги изостави левото крило Сандра Трпеска и десниот бек Ива Петрова.
Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра во „Бемакс Арена“ со почеток во 19:30 часот, а судии се Германците Јенсен и Хелбух.