ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Шампионот со истиот состав од ЛШ, гостинот без Дамјан Митев, Петров…

Денеска со натпреварот меѓу актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и тимот на Кире Лазаров ќе биде комплетирано 19. коло во Супер лигата.

На првиот меѓусебен дуел, кој беше одигран во Автокоманда, триумфираа избраниците на Лазаров со седум гола разлика, 32:25.

По денешниот натпревар, кој ќе биде последното дерби меѓу водечката тројка во регуларниот дел од сезоната, ќе се знае дали ќе има промена на лидерската позиција.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо, реши за овој натпревар да ги изостави голманот Василије Печурица, левото крило Дејан Манасков, како и бековите Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски, а надвор од комбинација е повредениот Нејц Цехте.

Во гостинскиот состав денеска нема да ги има Дамјан Митев, Костадин Петров и Благојче Трајкоски, како и повредените Кристијан Симоноски и Никола Костески. Пред битолската публика ќе настапи и довчерашниот член на Еурофарм Пелистер 2, Мартин Ивановски.

Еурофарм Пелистер: Илија Абутовиќ, Урош Борзаш, Цветан Кузманоски, Алем Хаџиќ, Никола Митревски, Жарко Пешевски, Богдан Радивојевиќ, Самоил Ристевски, Петар Атанасијевиќ, Филип Кузмановски, Усама Хосни, Павле Атанасијевиќ, Домен Тајник, Ненад Костески, Филип Ивиќ и Мохамед Мамдух.

Алкалоид: Мартин Ивановски, Марко Кизиќ, Иван Џонов, Никола Маркоски, Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов, Валентин Карасманакис, Марко Сројковиќ, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Иван Галевски, Мартин Велковски, Бинго Арно, Франциско Оливиера, Александар Петковски и Давид Савревски.

Денешното дерби е закажано за 18:00 часот, а правдата ќе ја дели најдобрата домашна судиска двојка – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.