Европската ракометна федерација ги објави официјалните состави на ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер за пресметката во Лигата на шампионите.
Стратегот Стевче Алушовски реши за овој натпревар да не смета на голманот Брестовац, левото крило Кузманоски, како и бековите Хаџиќ и Калајџиески.
Деби за македонскиот првак ќе има најновото засилување – хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац.
Откако не играа на првиот меч оваа година кај Магдебург, кај домаќинот ќе се вратат најдобрите стрелци Оли Митун и Фредерик Бјере.
Натпреварот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Свендборг Арена“ со почеток од 18:45 часот.

























