ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена против Чешка

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП во Црна Гора.

Ривал на избраничките на Симе Симовски е селекцијата на Чешка, која веќе се пласираше во главната рунда откако ги доби дуелите со Полска и Унгарија.

Селекторот направи една промена во ростерот и на местото на Симона Блажевска шанса ќе добие Сандра Трпеска.

Македонија без разлика на исходот од овој натпревар ќе игра за пласман од 12 до 24 во место, а таму во групата нема да пренесе бодови бидејќи загуби од Полска и Унгарија.

Натпреварот против Чешка се игра во салата „Морача“ со почеток во 14:30 часот, а судијки ќе бидат Французинките Матилде Курнил и Лориен Ламур.