Македонскиот шампион Ѓорче Петров денеска го стартува настапот во квалификациите во Лигата на Европа.
„Лавиците“ ќе се соочат со шведскиот тим Хорс, а тренерот Симе Симовски на првиот натпревар во Ешлов ќе смета на 14 ракометарки.
Во комбинација не е само голманката Слободанка Кицеска, па тоа значи дека Симовски ќе смета на сите летни странски засилувања.
Тука е голманката Габина, крилото Вранчиќ, бековите Муратовиќ, Дежиќ, Јершек и пикерот Менезес, како и македонскиот дел од тимот – капитенот Николовска, пикерот Дамјановска, крилата Ризоска и Божиновска, како и бековите Николиќ, Коларовска, Божиноска, Ѓорѓиевска…
Натпреварот меѓу Хорс и Ѓорче Петров се игра денеска со почеток во 16:00 часот.