Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на ЕП.
Избраниците на Наум Танески ќе се соочат со Словачка, а победа на овој натпревар ќе значи и половина завршена работа на патот кон континенталниот собир.
Во составот на Танески се Дамјан Митев и Самоил Ристевски, кои веќе имаат едно големо натпреварување позади себе и треба да бидат лидери на оваа селекција.
Од комбинација за овој дуел отпаднаа крилото Каевски, пивотот Трајковски, како и бековите Лангоски, Ристовски и Илиевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра денеска во Автокоманда од 15:00 часот.