Ракометарките на Ѓорче Петров денес против Хазена Кинжварт во Чешка бркаат четвртфинале во Европскиот Куп.
Ѓорчепетровки на првиот осминафинален натпревар, кој беше одигран во Автокоманда, триумфираа со 32:29.
Тренерот Симе Симовски за денешниот дуел ќе го има на располагање истиот состав од претходниот натпревар.
Реваншот меѓу Хазена Кинжварт и Ѓорче Петров ќе се одигра во „Продукт Арена“ во чешкиот град Чеб со почеток од 18:00 часот.