ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Една промена кај Вардар, Кристијанштад со 12 ракометари

Ракометарите на Вардар денеска играат важен натпревар од Лигата на Европа против шведскиот Кристијанштад.

Со победа „црвено-црните“ ќе се вратат на првото место во групата и практично ќе го обезбедат билетот за главната рунда.

Тренерот Иван Чупиќ и натаму не може да смета на дел од повредените ракометари меѓу кои и Вуко Борозан, а во составот направи една промена. На местото на голманот Марко Богдановски во составот ќе биде капитенот Гоце Георгиевски.

Во составот на Кристијанштад ќе бидат само 12 ракометари, а ќе недостига еден од најдобрите – Елиот Стенмалм. Нема да игра ниту пивотот Вилијам Хогхиелм, ниту Тео Иварсон.

Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.