Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го започнува разигрувањето за пласман од 9 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.
По трите порази во групната фаза, избраничките на Симе Симовски ќе ги имаат Литванија и Исланд во новоформираната група К.
Симовски направи една промена во составот. Се враќа Симона Блажеска на местото на Сандра Трпеска, а надвор од комбинација остана Ива Петрова.
Балтичката репрезентација исто така загуби три пати – од Данска, Црна Гора и Исланд, па исто како и Македонија ја брка првата победа.
Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра од 14:30 часот во „Верде“ во Подгорица, а судијки ќе бидат Луција Јаношикова и Барбора Бочакова од Словачка, додека делегати се Оивинд Тогстад од Норвешка и Росица Димкова од Бугарија.