Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар од разигрувањето за пласман на Европското првенство во Црна Гора.
По драматичниот натпревар со Литванија, на кој можевме да дојдеме до победа, за Македонија следува дуел со Исланд.
Селекторот Симовски нема да смета на повредената Стефани Ристиќ, а во комбинација влегува Сандра Трпеска. Надвор од составот е и Ива Петрова.
На табелата во група Ј, каде што се избраничките на Симе Симовски, Полска е прва со 4 бодови, Исланд е втор со 2 бода, Литванија и Македонија се на делба на третото место со по еден бод.
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во „Верде“ во Подгорица, со почеток од 14:30 часот, а судии ќе бидат Шпанците Раул Ојарзун и Ариц Зарагета.