Познати саатниците за натпреварите на младинките на ЕП во Црна Гора

Европската ракометна федерација и организаторот Црна Гора ги потврдија саатниците за натпреварите од младинското Европско првенство.

Македонија под водство на Симе Симовски ќе биде дел од групата А и таму ќе игра против Унгарија, Чешка и Полска.

Младинките одиграа две контролни средби против селекцијата на Хрватска кои ги загубија, а против Косово ќе ја имаат генералката пред ЕП.

Континенталниот собир за младинки ќе се игра во Подгорица од 9 до 19 јули, а Македонија во првото коло игра против фаворитот за титулата, Унгарија.

Распоред на натпревари:

09/07, 19:30, Македонија – Унгарија
10/07, 14:30, Македонија – Полска
12/07, 14:30, Македонија – Чешка