Паралелно со Европското првенство во јануари 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка, ќе се одиграат и Азиското и Африканското првенство.
Азискиот шампионат ќе се игра од 15 до 29 јануари во Кувајт, а најдобрите четири селекции ќе се пласираат на СП 2027 во Германија.
Ќе настапат 15 селекции во четири групи, а по групната фаза прво и второпласираните ќе играат во главната рунда пред полуфиналето и финале.
Ќе има голем европски селектори во Кувајт – Зоран Кастратовиќ (Јордан), Горан Перковац (Ирак), Роберт Хедин (Бахреин), Драган Ѓукиќ (Кина), Арон Кристјансон (Кувајт), Димитрос Димитрулас (Саудиска Арабија), Тони Херона (Јапонија), Валеро Ривера (Катар), Рафаел Гихоса (Иран)…
Азиско првенство, 15-29 јануари, Кувајт:
група А: Катар, Јужна Кореја, Оман
група Б: Бахреин, Ирак, Кина, Јордан
група Ц: Кувајт, ОАЕ, Хонг Конг, Индија
група Д: Јапонија, Иран, Саудиска Арабија, Австралија
Домаќин на Африканското првенство ќе биде Руанда, a ќе настапат 16 селекции од 21 до 31 јануари. Најголем фаворит е повторно Египет, а најдобрите пет репрезентации ќе обезбедат место на Мундијалот во Германија.
Африканско првенство, 21-31 јануари, Руанда:
група А: Алжир, Нигерија, Руанда, Замбија
група Б: Египет, Ангола, Габон, Уганда
група Ц: Тунис, Гвинеја, Камерун, Кенија
група Д: Зеленортски Острови, Мароко, Конго, Бенин
Освен Европското, Азиското и Африканското првенство, од 19 до 24 јануари 2026 ќе се игра и првенството на Средна и Јужна Америка, од каде ТОП 4 селекциите ќе одат на СП 2027, додека допрва треба да се потврди домаќинот на првенството на Северна Америка и Кариби.


























