Денеска во данската престолнина Копенхаген беше извршена ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство 2026.
Како што е познато, машката сениорска репрезентација на Македонија се најде во група со репрезентациите на Литванија, Естонија и Словенија.
Избраниците на Кире Лазаров првиот квалификациски дуел ќе го одиграат против Естонија на домашен терен, а квалификацискиот циклус ќе го завршат со дуел против Литванија, исто така на домашен терен.
Распоред на квалификациските натпревари:
- коло: Македонија – Естонија
- коло: Литванија – Македонија
- коло: Македонија – Словенија
- коло: Словенија – Македонија
- коло: Естонија – Македонија
- коло: Македонија – Литванија
Натпреварите од квалификациите ќе се играат во три ЕХФ недели. Започнуваат веќе во октомври оваа година (4-10/10), потоа во март 2025 година (10-16/3) и во мај 2025 (5-11/5), по што ќе бидат познати сите учесници на ЕП 2026.
Пласман на Европското првенство ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации, како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.
Европското првенство во 2026 ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка, а домаќини ќе бидат четири града – Осло, Хернинг, Малме и Кристијанштад.