Познат терминот и судиите за дербито – еве кога Вардар ги чека „сино-белите“ од Автокоманда

По натпреварот со исландскиот Валур во Лигата на Европа, екипата на Вардар ќе им се врати на домашните обврски.

Следен предизвик за „црвено-црните“ и новиот стратег Гиљермо Милано ќе биде суперлигашкиот дуел против лидерот на табелата од Автокоманда.

Овој натпревар од 12 коло во Супер лигата е закажан за 24 ноември во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:00 часот.

На првата средба, „сино-белите“ од Автокоманда триумфираа со 33-30, па „црвено-црните“ сега ќе имаат шанса за реванш.

Вардар и Милано имаат проблеми со повредени ракометари, а дел од нив би требало да бидат подготвени за овој дуел.

Судии на овој дуел ќе бидат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Душко Камишевски.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186