Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, го објави скратениот список на ракометари што ќе играат на Олимписките игри во Париз.
Јакобсен имаше тешка задача да одбере 14 ракометари, а тројца останаа во резервите кои би можеле да заиграат ако има потреба.
Меѓу голманската тројка, Јакобсен се реши за Ландин и Нилсен, а Мелер остана во резервите. Леви крила се Емил Јакобсен и Магнус Ландин, а единствено десно крило ќе биде Никлас Киркелоке. Легендарниот Ханс Лиднберг отпадна од списокот.
На пивотменската позиција Данска ќе има двајца играчи Саугстрп и Халд, додека Јоргенсен ќе биде резерва, а доколку има потреба таму може да одигра и специјалистот за дефанзива Херник Мелгард.
Од бековите тука се Хансен, Питлик, Лауге, Гидсел, Хоксер и Арнолдсен, во резервите е Андерсон, а Менса Ларсен отпадна од комбинација.
Данците како загревање за ОИ ќе одиграат две пријателски средби против селекцијата на Аргентина.