Поповски меѓу најдобрите, Цирих ја доби првата битка со Сент Гален

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин Поповски, го доби првиот дуел од четвртфиналето против Сент Гален.

Тимот на Поповски триумфираше со 33:25 (14:11), а победата ја обезбеди со подобрата игра во вторите 30 минути.

Поповски беше меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа и во дадената минутажа постигна четири погодоци.

Вториот дуел меѓу Амичитија Цирих и Сент Гален ќе се одигра на први април, додека мајсторката е закажана за 4 април.