Полскиот селектор заврши во болница!

Женската репрезентација на Полска се собра повторно по речиси едномесечна пауза, но подготовките за важните натпревари во ЕХФ Евро Купот започнаа со неочекувани проблеми.

Селекторот Арне Сенстад нема да биде со националниот тим на еден од домаќините на ЕП 2026 во почетната фаза од подготовките поради здравствени причини.

Норвешкиот стратег, непосредно пред планираното доаѓање во Полска, бил хоспитализиран. По неколкудневен престој е пуштен на домашно лекување и моментално се опоравува. Неговата состојба не е сериозна, но бара дополнителни консултации, поради што ќе го пропушти натпреварот против Словачка.

Сенстад сепак останува во постојан контакт со стручниот штаб на Полска и има надеж дека ќе се врати на клупата за дуелот против Романија, кој ќе се игра во Радом на 12 април.

Полска утре игра против Словачка, a мора да слави на овој меч, за в недела против Романките (кои во меѓувреме треба да загубат од Норвешка), да решаваат за второто место во групата и пласманот во полуфиналето каде веќе е Норвешка.