Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра првиот натпревар од разигрувањето за пласман од 17 до 24 место на Европското првенство во Црна Гора.
Ривал на избраничките на Симе Симовски ќе биде селекцијата на Швајцарија. Доколку слават младинките ќе разигруваат против победникот од Словенија – Португалија за пласман од 17 до 20 место.
Во спротивно, ќе играат против поразениот од тој натпревар за пласман од 21 до 24 на континенталниот собир.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра со почеток во 17:00 часот во салата „Верде“. Судии ќе бидат Романките Георгијана Мурариу и Михаела Парашчив, додека делегати се Росица Димкова од Бугарија и Ешрег Беќири од Косово.
Европско првенство, распоред на натпревари:
четвртфинале:
17:00 Хрватска – Шпанија
17:00 Франција – Австрија
19:30 Данска – Унгарија
19:30 Германија – Црна Гора
за пласман 9-16 место:
12:00 Норвешка – Романија
12:00 Србија – Исланд
14:30 Чешка – Турција
14:30 Шведска – Полска
за пласман 17-24 место:
12:00 Холандија – Финска
14:30 Фарски Острови – Литванија
17:00 Швајцарија – Македонија
19:30 Словенија – Португалија