Eвропската ракометна федерација најави дека од следната сезона покрај машката, ќе се игра и Лига на шампиони во женска младинска конкуренција.
Пилот издание на машката ЛШ за младинци помина подобро од очекувањата па ЕХФ реши да ја воведе и кај дамите.
Како и кај мажите, така и кај дамите, приоритет за настап ќе имаат 16 клубови од сениорската ЛШ, а доколку некој не пријави екипа, тогаш шанса ќе добијат и дел од екипите од Лигата на Европа.
Завршниот турнир во женската младинска ЛШ ќе се игра паралелно со сениорскиот во „МВМ Дом“ во Будимпешта на 6/7 јуни 2026 година.