По поразот во дербито – Ројевиќ на тенок лед во Војводина

Партизан два пати ја победи Војводина оваа есен и како лидер на табелата во српскиот шампионат ќе оди на зимска пауза. Тоа беше доволна причина да се разгорат страстите во Нови Сад.

По поразот во Белград, тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ на прес-конференцијата истакна „поразите загрижуваат, ривалот се засилува, а ние гледаме и не реагираме“…

Според пишувањата на „Журнал“, промена кај шампионот на тренерската клупа најверојатно ќе има и дека Борис Ројевиќ е на тенок лед. Раководството на тимот од Нови Сад наводно е веќе во потрага по нов стратег, а челниците се незадоволни од водењето на екипата на дербито во Белград. Се споменува и фактот дека евентуалниот наследник ќе биде од Балканот.

Војводина е екипата со најголем буџет во Србија, три пати поголем од Партизан, па веројатно тоа е она што ги боли во Нови Сад. Се уште актуелниот српски првак имаше одлични партии во Лигата на Европа, обезбеди место во ТОП 16 и во група со Порто и Мелсунген, има шанса да оди и во следната рунда.