Светското првенство 2025 според првичните најави пред пет години, кога Данска, Норвешка и Хрватска ја добија организацијата, требаше да се игра во 11 градови низ трите држави.
Сепак на крајот, и поради финансиски и поради организациски причини, во комбинација останаа само пет града – Хернинг во Данска, Осло во Норвешка, како и Загреб, Вараждин и Пореч.
Отпаднаа Драмен, Ставангер и Трондхајм во Норвешка, како и Копенхаген во Данска. Од хрватските градови во комбинација беа Сплит и Дубровник, а во Дубровник беше најавена и изградба на нова сала, но нема ништо од тоа.
Досега на Мундијалот во 2025 година место имаат обезбедено 19 селекции, 11 места ќе бидат поделени во европскиот бараж, ќе биде доделена уште една вајлд-карта, а место ќе има и за шампионот на Северна Америка и Кариби.
Македонија ќе се соочи со Фарски Острови во битката за пласман на СП 2025 година.
Ако ги елиминира Фараните: Македонија од трет шешир во „балканската“ половина на СП?