По десет месеци пауза, левото крило на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски, се враќа на терените.
Тој веќе некое време е во тренажен процес, а денеска за првпат оваа сезона беше во ростерот на шампионот иако не доби шанса за игра.
Кузманоски се повреди минатата сезона кон средината на април, заработи повреда на лигаментите поради која паузираше долго време.
Сепак стружанецот полека ќе ја враќа формата и ќе биде дел од триото со Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ.

























