Пионери: Голден Арт победнички кај Динг, реми меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Струга

Во изминатите денови се комплетираше 5 коло од пионерската лига во машка конкуренција.

Во група А, Мулти Есенс го совлада Јуниор Кисела Вода со високи 32-5. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Михаил Зенговски со осум гола, додека кај Јуниор Кисела Вода по два погодоци имаа Мартин Костовски и Огнен Новаков.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Струга со 23-23 заврши нерешено, додека Вардар минимално славеше кај Асови Вардар од 22-21.

Во група Б, Еурофарм Пелистер триумфираше против Голден Арт Аеродром со убедливи 37-7, и се зацврсти на првото место со 12 бодови, а Алкалоид славеше против Прилеп со 34-11.

Во група В, Аеродром победнички против Бисинов со 32-24, Куманово ја оправда фаворитската улога против Пролет и го совлада со 22-13, додека Текстилец беше убедлив против Радовиш.

Пионери, 5. коло, резултати:

Група А
Мулти Есенс – Јуниор Кисела Вода 32-5
Асови Вардар – Вардар 21-22
Еурофарм Пелистер 2 – Струга 23-23
Динг – Голден Арт 14-18
Охрид слоб.

Група Б
Прилеп – Алкалоид 11-34
Вардар Неготино – Илинден Вардар 22-23
Младост Јуниори – Скопје 19-21
Еурофарм Пелистер – Голден Арт Аеродром 37-7
Тиквеш слоб.

Група В
Аеродром – Бисинов 32-24
Астраион – КЛ7 Свети Николе 14-21
Бутел Скопје – Македонија Ѓорче Петров 19-30
Текстилец – Радовиш 25-12
Пролет – Куманово 13-22