Хрватскиот чувар на мрежата Кристијан Пилиповиќ беше промовиран во тимот на Охрид, со кој потпиша соработка до крајот на оваа сезона.
Некогашниот голман на Висла Плоцк, Нексе Нашице, Фиверс Маргаретен и последно на Кадетен Шафхаузен, веќе беше во Охрид и ги сподели импресиите.
„Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам со амбициозни и фанатични луѓе и тоа го препознав во Охрид. Луѓето се навистина луди за ракомет, сакаат нешто да направат, нешто да створат, навистина е една многу убава приказна. Бев воодушевен од градот и пристапот на клубот и добрите разговори со спортскиот директор и тренерот, така да одлуката ја направив лесно и верувам во добри резултати и добра иднина“, изјави Пилиповиќ.
Тој ќе дебитира за Охрид по ЕХФ неделата.
Oхриѓани се пофалија – Кристијан Пилиповиќ нов „гладијатор“!