ПИК Сегед загуби кај Нант, Магдебург го доби Алборг

Екипата на Нант им се врати на победите во Лигата на шампионите, откако на свој терен триумфираше над ПИК Сегед со 32:29 (19:16)

За францускиот клуб ова беше 7-ми сезонски триумф во Лигата на шампионите и со новите два бода се искачи на втората позиција во Б групата, сега, има 15 бода на свое конто, додека ПИК Сегед, засега, останува на 4. позиција со 12 бода.

Нант во победата над унгарскиот вицепрвак беше предводен од Бос, кој постигна осум погодоци, додека кај ПИК Сегед – Шоштариќ, Смарасон, Род, Фримел и Бодо беа главни стрелци со по пет погодоци.

Магдебург ја доби драмата против Алборг, триумфираше со 32:31 (17:17). За Алборг, кој во претходното коло ја изненади Барселона, ова беше 4-ти сезонски пораз во ЛШ.

Домаќините го имаа расположениот Феликс Клар, постигна девет погодоци, а го следеше Дамгард со седум. Кај Алборг прв стрелец беше Џек Турин со шест реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107