Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед откако го врати пивотот Миклош Рошта од Динамо Букурешт, објави дека е продолжена соработката и со левиот бек Борут Мачковшек.
Словенечкиот репрезентативец потпиша нов договор на две сезони и ќе остане во Сегед најмалку до 2028 година.
Мачковшек дојде во Сегед во 2020 година од лутиот ривал Веспрем и беше важна алка во тимот на Хуан Карлос Пастор, а сега и во тимот на Михаел Апелгрен.
На лето од ПИК Сегед си одат Глеб Калараш и Јовица Николиќ во Загреб, потоа Иманол Гарсијандија во Нант…а доаѓаат Дмитро Горига од Вардар, Никола Портнер…

























