Стојан Петрушевски од денеска официјално го презема кормилото на суперлигашот Голден Арт, со кој ќе има голем предизвик – да обезбеди опстанок во елитната македонска конкуренција.
Како што најави 24Ракомет, Петрушевски веќе го одржа првиот тренинг со екипата, која загуби на првите два меча од суперлигашкиот плеј-аут против Мулти Есенс и Прилеп.
„Чест ми е што доаѓам во една млада и преспективна екипа, која заслужува да игра плеј-оф. Заедно со стручниот штаб на клубот се надеваме дека ќе избориме опстанок во супер лигата, зашто овие млади играчи го заслужуваат тоа, а исто така и клубот кој обезбедува и овозможува одлични услови за работа. Целта е јасна, одиме понатака“, изјави Петрушевски.
Со оглед на тоа што Аеродром не е повеќе дел од плеј-аутот, Голден Арт е слободен овој викенд, а Петрушевски своето деби на клупата ќе го има на 2/3 март против Куманово.
Поранешен македонски селектор седнува на клупата на Голден Арт!