Переска, Сејадин и Маџоска дадоа 21 гол, Стружанка лесно се справи со Шампион

Ракометарките на Стружанка прославија висока победа на гостувањето кај Шампион со 39-12 во натпреварот од 14 коло во Првата женска лига.

По првиот дел гостинките имаа плус десет 17-7, а второто полувреме беше одработено рутински за убедлив триумф.

Вања Маџоска, Еџе Сејадин и Тијана Переска постигнаа по седум погодоци во победата на Стружанка, а Катерина Тошеска и Катја Маркоска стрелаа по три пати за Шампион.

Со овие бодови, Стружанка сега има 10 на петтото место, додека Шампион останува на нула на последното мест.

Стружанка во следното коло ќе игра на гости кај Јехона, додека Шампион ќе ја пречека Деспина.