Пер Јохансон не е повеќе селектор на Холандија

Шведскиот стратег Пер Јохансон не е повеќе селектор на женската репрезентација на Холандија, иако имаше активен договор.

Договорот на Јохансон истекуваше во 2026 година, но според Швеѓанецот тешко е да со комбинира репрезентативната работа со активностите во унгарскиот гигант Ѓер.

Тој двапати ја однесе Холандија до четвртфинале на големите натпреварувања, но тој смета дека е време за нов предводник на „лалињата“.

„Време е да се оди напред. Сметам дека е време за нов тренер да се обиде да го однесе тимот чекор напред“, вели Јохансон.

Холандската федерација сега бара негов заменик пред стартот на Европското првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија.