Селекцијата на Словенија ќе биде ослабена на Олимписките игри во Париз, откако стана јасно дека Гашпер Маргуч нема да ја санира повредата.
Десното крило на Веспрем подолго време мака мачи со повредата на стапалото, работеше по индивидуална програма на стартот на подготовките, но како минуваше времето така стана јасно дека нема да биде подготвен за напорите.
Сепак Зорман ги има на располагање Јанц и Новак на десната крилна позиција, па не мора да бара ново решение.
Зорман ќе го објави скратениот список на 22 јули, а Словенците се во група со Шпанија, Хрватска, Шведска, Јапонија и Германија.