Пастор избра 14 „фараони“ за Олимписките игри

Селекторот на машката репрезентација на Египет, Хуан Карлос Пастор, го објави конечниот список на патници пред стартот на Олимписките игри во Париз.

По двете пријателски средби на Балканот и поразот од Хрватска, односно ремито со Словенија, Пастор ги избра 14 ракометари.

Меѓу нив се голманите Хендави и Али, потоа браќата Ел Дера, па Јахја, Али Зеин, Санад…а резерви се Ел Тајар, Валид и Јусри.

Египет е во групата Б на машкиот турнир на ОИ заедно со домаќинот Франција, Данска, Норвешка, Унгарија и Аргентина.